Archives


Search

Добредојдовте на интернет страницата на Ристо Лазаров
ЏЏИВЏАНИ

аНекои ги нарекуваат мегафони, јас милувам да ги викам џивџани. Имам позитивен однос кон џивџаните, а априори негативен спрема мегафоните. Џивџан може да се стане и од неукост, наивност…

Како и да е, се повторува ли повторува - не сега, со години: а ќе направи некој “грешка” во чекори во власта или од опозицијата, скокнуваат џивџаните. Во зависност од бојата на крилјата, а и на малите клунчиња. Клунчињата им служат да се прчат дека можат да клукаат, а одвај почешуваат. Џивџанска работа.

Бојата ка крилјата им ја спомнувам затоа што џивџаните се сметаат за домашни врапци. Како што ќе се рече дома, така има да прават џивџаните. Нема трта-мрта. Толку им сече умот, а и така им е полесно. Тие џавкаат а дома не знаат како на судијата (јавноста) да му ја признаат грешката во чекори. Се истрчуваат џивџаните пред врапците, без да причекаат некакво стручно, релевантно објаснување. Важно е да се џавка!

Ај што ги кинат зелени, уште фалби поттикнуваат. Не малцината подвикнуваат: пошироки биле од џивџанот в црница. Демек, се фалиме, се правиме важни, по ука на џиџвџанот.

Не, бе џивџанче. Само малку подолго паметиме. Го паметиме Зебрњак, се разбира, ја паметиме и есента 1908 кога Црвенковски и Прванов ги отворија гробиштата на загинатите бугарски војници кај струмичко Ново Село? Уште го паметиме и колежот во Дабница и масакрот врз младинците во Ваташа. Зошто не џана, пред неколку дена беше годишнината од масакрот во Ваташа, бугарски великодостојник да се поклони, извини и положи венец во Ваташа?

Да не се мешаат, жаби и баби, џиџвџанче. Да не се правиме недоветни и тоа по многу области - по историја најмногу, па и по алергологија.

А дека сакаме во ЕУ и НАТО - сакаме и не сакаме тоа да ни го кажува џиџвџан. Сме го рекле тоа одамна, од самиот почеток. И тогаш и сега сме здушно за добрососедски односи, ама не за “един народ две држави” и не за јазикот наш како дијалектолошка форма на соседниот. Тие работи не се нерешливи. И не се само за политичарите, макар што без нив не бидува. Напред сакаме, ама не без историја и самобитност. А дека џивџаните ми се мили сум  напишал во книги, поетски.

Тих, да имавме некој композитор што ќе напишеше нешто за хорот на џивџаните - барем за оние распрскувачите на (не)миризливи дезодоранси на еуфоријата!?

Ристо Лазаров


(не е дозволено преобјавувањето на текстот и на делови од текстот)
See Older Posts...