Archives


Search

Добредојдовте на интернет страницата на Ристо Лазаров
ЛЕВО-ДЕСНО...


Ристо Лазаров


Таков е рулетот на историјата: постојано се врти и им дава шанса на сите. Постојано се менуваат и добитниците кои вложуваат нешто во рулетот на историјата: нема таков што севезден и единствено - добива. Сирнете го, на пример, списокот на пропаднатите империи и императори, или, ако сакате, списокот на некогашните колонијални пространства. Промените си врват напред по своите патеки, шуќур што повеќето од нив се подвижници на напредокот. Модерното станува постмодерно, постмодерното пост-постмодерно и така оттука до вечноста. Зависи од досетливоста на кумовите на промените.
Многу нешто се и непроменливи, или привидно променливи, што нé потсетува дека живееме во свет на оптички мамки, благи залажувања, тадури и тешки преваранции. Чавката, да речеме, во гулаб не може да се престори - колку и да павта со крилјата, какви ли вратоломии да прави. Само во приказните има бели чавки, ама - чавки. Како и црните овци. И тие служат за стрижење, ами како. Со веќе приспомнатите гулаби е малку поразлично: некои од нив павтаат лева-десна, лева-десна и си остануваат гулаби, гулаби-превртувачи, само јатото го менуваат па павтаат или само лева-лева (кој тоа павта десно?) или десна-десна. Не е да речеш тоа којзнае каква промена, брзо се арчат павтежите, а со време се стеснуваат и воздушните капии за влегување во нови јата. Има сé повеќе гулаби што веќе не може да павтаат. И да сакаат - не може. А гулаб без пафтежи, со искубани крилја, не е за никаде.
И во политичките маршеви, оттука па до анасана, се чекори по правилото лева-десна, лева-десна. Додека оној што го води маршот не викне ”остав!” или дури нему не му викнат ”остав!”. Има разлики, иако мнозина од тие кои даваат ”остав” би сакале да нема. А маршевите си врват ”лева-десна”; за ритамот и темпото се задолжени провинциските барабанџии.
Се гледа и од најголемата височина на гулабовиот лет дека во дуњава како да стивнува она ”лева-лева”, стивнува, одвај се слуша. Поербат и повреваџии се покажуваат оние што викаат (на сет глас!) десна-десна. Кај нив узансите се такви: надредени што помалку, подредени што повеќе. Запрепастувачки расте бројот на подредените. Надредените, ем напернати, ем со натежнати џепови, ги фрлаат во невиделија ппрашањата на новата солидарност. Штоако и Обединетите нации многу одамна прогласија ден на солидарноста. Надредените немаат време за ферманите на Обединетите нации: веднаш и овде, времето е пари.
Уште не зинати, оние кои милуваат да се подзасилат општествените звучници од кои се слуша и ”лева-лева!” Се изложени на плуканици со монсунска јачина: демек, нивниот повик бил ретрограден и водел директно во реал-социјализмот. Мижи Асан да ти бајам. Грото од тие што сакаат ”лева-лева” се атеисти, не веруваат во никакви воскреснувања, знаат што е било-поминало. Но, сакаат да учествуваат во она што допрва ќе биде, затоа и зборуваат за новата солидарност, затоа ја спомнуваат и скандинавизацијата на свеста на надредените, ем напернатите со натежнати џепови. Отшто се покажува дека надредените стануваат се поисклучиви, можеби ”надреденоста” е веќе еуфемизам и повистински е да се каже - заповедници. И оние кои викаа само ,,лева-лева” беа исклучиви, ама овие новиве, опиени од славјето на победите, шијат сé живо и диво. Имаат сé, освен решенија за многу прашања без кои ќе се тапка во место.
Затоа е и тешко во оваа претстава под големиот циркуски шатор, човек да си биде свој, или пак да биде ”нешто” помеѓу. Или-или, велат надредените (заповедниците). Абер немаат кој е Кјеркегор. Во секој случај, тој не бил берзијанец и не го знаел движењето на вредноста на акциите, ниту пак на валутите во менувачниците. Просто: ако не си со нас, против нас си и точка. Еден од лозунзите на епохата на етикетирањето и плукањето во која ни се паднало да живееме. Без свртување наназад и обид за мерење на сопствениот учинок.
Со поинакви зборови речено, живи сведоци сме на истиснување (не се веќе обиди, ами дела) на левицата од светската политичка мапа, за што, објективно, е виновна и самата. Погледнете во најблиското соседство и запрашајте се: кај се витоса левицата? А потем - истото прашање и за другите меридијани. 
Како да надвладува злоупотребата на незнаењето. Аман веќе: како безмилосните лаги, арамилакот и алчноста да добиваат ”почесни места” во ложите од кои (со малечки бинокли, разбира се) се набљудува општествената сцена и сите текови - ем глобалните, уште повеќе локалните, нашите.

Новите митови сепак не можат толку лесно, ”со малото прсте” да ги избришат дтарите - оној за Давид и Голијат, на пример. А сетики не треба да се заборави дека оној што се чатали со фрлање некакво камениште, најнакрај треба да смета дека е реална опасноста да се погоди самиот себеси. Со свој камен по глава, го има и тоа.


ВРВОТ НА БОЛОТ

Ристо Лазаров

За Ацо Шоповза нашите класициа и за нашата заборавност...

Можеби не се баш многу на бројама има високи врвови современиот македонски творечки венецРацинКонескиШоповЈаневски... - горди челници и претходници на оние што дојдоа по нив и што допрва ќе доаѓаатНемаме право занесени од какви било нови "страстида ги фрламе во заборав нашите духовни претходнициЗаштотиекако што рече Старделов за Рацинбеа национални поети од највисок рангзашто во својата песна секој на свој начин со своите песни ја открија и резимираа целата нова македонска поетска и историска епоха.
Последниве две-три недели се случија два три груби настани поврзани со името на Ацо Шоповнесмаснотода го речам најблаго што можамспоредување на неговото партизанско "агитпроповствочијашто рожба беше првиот весник на македонски јазик "Млад борец" (во тој контекст беше спомнат и "агитпроповецотКочо Рацин). Споредбите со денешниве  луѓе за "пи-ар" (небаре немаме наши зборови за односи со јавностабеа изречени со невидена леснотијаНешто се расчисти и целта на овие редови не е да ја враќа таа приказнада кажат нешто за старата песна на нов гласНи потребани фајде има
Пред некој ден се случи нешто многу грозноповрзано со животот и делото на Ацо Шоповбеше искршенапарчосанаспомен плочата на неговата родна куќа во ШтипВандализам на делодомаречиси на роденденот на поетот (да не се заборавии првоборецотАцо ШоповОдбивам однапред секаква врска на "агитпроповствотосо вандалското кршење на спомен-плочатаСкраја да еА признавамова второво повеќе ме жегнапретпоставувам како и пошироката јавностГо воскресна во мене прашањето за нашиот заборав кон нашите национални величиниСекој од наспа и јасвидел во светот спомен -плочи наместени на куќи кои означуваат периоди во кои таму живеел некој творец вреден за почитНекаде се поголеминекаде помалиама постојат и сведочат за духовното богатство на тие градовиКај нас наопакусе кршат бистисе продаваат како старо железосе фрлаат в река... Колку пати само се кршат бистите на истиот ШоповАнте Повски и другите во струшкиот поетски паркнашата петропола на поезијата?
Нода се вратиме на вандалското уништување на спомен-плочата на куќата на Ацо Шопов во ШтипТоа што разбудува сентименти за заедничкото одење со големиот поет токму пред куќата во која е роден и на која беше закачена спомен-плочатаможе да се смета и за приватна работаНоимам обврскане баш приватнада станам во одбрана на делото на Шоповнема поминато еден месецкако во неговиот и мој Штипми беше доделено признание за афирмација на ликот и делото на Ацо Шоповшто ме прави неизмерно гордИ трижповеќе ме обврзува.

Откривач на тишината


Ацо Шопов прв ја откри тишината во македонската поезија и таа тишина стана култнатраен знак за распознавањеКолку што одминува времетоденесво општата фејсбуковска и твитерска дрдорливосттаатишинатани го открива сето свое значењени открива всушностдека не се наоѓа подобар и поумешен говор од говорот на тишинатаМислата како повеќе да одекнува ако не се кажеако се одмолчиОнаа мисла која кај Ацо Шопов никнуваше од бескрајните длабочини на празниот лист хартија.
Ако моќта и припаѓа на тишинаташто тогаш со зборовитезошто служат зборовитеПазборовите служат да се пишуваат песниЗад нивсекаконе стои само тишинатаама ниеод пуста мрзачесто и не знаеме што стои зад тишината и зад зборовитеА реткоептен ретко запнуваме да ја откриеме јатката на зборот и што има во неаКако да ни се оддалечуваат соѕвездијата од метафори.
Од зборовите се создаваат стиховиа од стиховите песнисите песни на овој светНосамо кај вистинските и големите поетикаков што несомнено е Ацо Шоповнекои стихови звучат како цела песна. Eве само неколку примери од "Гледач во пепелта": ( Човекуптицо претворена во ѕвездакој мисли дека те сфатил не знае што е безднамојата црнина твоја прегрнина,/твојата темнина моја подземнина./Земјо олелиоземјо пустелиовремето невреме вистинско е време; - изгасни песно во огнот што го запали самасветлина капе врз нас од ѕвезда што одамна згасна... И така натамуи така натамуНабројувањето би било долго.
Од неговата рана младостдо 20 април 1982- тапоминаа многу историски татнежи и светкавицисе отвораа и многу темнини низ кои требаше да се врвиАцо Шопов настојчиво си ја следеше ѕвездата што беше ја запаметил уште од качувањето кон врвот (на болот?) на роднокрајниот Исар и со која си замина во вечностаИ тагатаи убавината се слеваа во таа ѕвезда на Шопов. Sвезда опашицасо оган небото што го пара. Sвездакојаблесната во песните на Ацо Шоповна македонската поезија и ги донесе најблескавите мигови. Sвезда со која поетот Ацо Шопов ја споделуваше трагиката на југотТој знаеше дека таа е во сонцетокако што знаеше дека сонцето може да биде и црноПреточена во песнатаа станува таинствен облик на времето.

До највисоките врвови на јазикот
И тогашпред речиси половина веки денесповеќето песни од стихозбирката "Гледач во пепелта" личат како предел на осаменик кој повикува посетителиПовикотинакуе упатен од непотрошлив собеседник вкоренет во спомените на сите кои го познаваа – непресушен извор на добродушност и отменостСобеседник кој сè што имаше носеше во себекако што се носи роза во реверите на песната.
Ацо Шопов прв објави стихозбирка во слободна Македонијаонаа Македонија за која веруваше дека е судбина на светота светот судбина на Македонија и денеска таа македонска слободаска поетска прворожба не може да се есапи само за прост и празнозначен фактПопрво ќе да беше тоа неговиот прв чекор кон иднината и небиднинатакон црното сонцеСреде небиднина знаеше да ни каже што ќе ни се случи вчера и што ни се случило утреСреде небидниапотемтивкотивко излегуваше од сонотза в мугри да го препознае и црното сонцеИ сè такаверувајќи дека сите реки и мориња имаат и друг брегСè таказнаејќии од сопствениот опитдека поезијата како и секоја вистинска уметност е напортежок напорНекој беше рекол дека пишувањето поезија евсушностувежбување на смртта.
Со заминувњетопролетта 1982-таАцо Шопов стана првиот класик на повоената македонска литератураДо крај и остана верен на поезијатанескршливо верувајќи дека токму поезијата ги достигнува највисоките висови на јазикот.
И тишинатаи небиднинатаи црното сонцесè што создаде Ацо Шопов се неодминливи знаци на една поетска великостзнаци на зрелост
кои беспоговорно сведочат дека сè што ќе биде сработено и стокмено како што требасе претвора во споменстанува трајна вредностНаспроти сите морници на новите времиња во кои не се баш и реткост обидитите значајни писатели да се тутнат во заборавот и тоа не со критика и превреднувањеами со неподнослива леснотија на едно ирационално самоволие.
На следбениците Ацо Шопов им остави непотрошливи браздиНеговиот збор остана – непрегорнемушта патоказ кон врвот од болотМост кон светоткон оној свет со којшто треба да се биде ,,на ти” при споделувањето и на убавинатаи на тагата.
Нема кој да не знае дека Ацо Шопов беше душа човекСушта потврда на тоа дека поезијата е еден вид душа искажана со јазикот.Наспроти бездушниците со токмаци в раце.

ВРЕМЕ, НОРМАЛИЗАЦИЈА, АРШИНИ...


Ристо Лазаров


Како што врви човештвото, му натежнуваат заборавените наследства, па полните вреќа со такви (и слични нешта) ги остава крај патот - не само што тогаш немало Дрисла и други депонии, ами на некој случаен минувач да му се најдат. Оти има и чудаци меѓу случајните минувачи.
Товарот што го оставале крај патиштата, не бил претходно премеруван - и со драмови, и со аршини. Секое време си имало свои аршини, со ограничен рок на употреба. Со аршин од едно, не можело да се мери во друго време. Лесно е да мериш минато време со сегашни аршини. Друга работа е фајдето од таквите аршини, поарно да го прескокнеме, ако воопшто го има. Којзнае какво би изгледало, еве, ова, нашево време мерено со утрешни аршини?!
А одењето по патот нанапред, по правило, вели Кундера, бил еден вид нормализација на затекнатото а исчашено. Постои и една долга, богами и една не баш нежна полемика на Кундера и Хавел за нормализацијата, симплифицирано речено за реформите и револуциите. Поминало половина век од тогаш, таа полемика се случува по пропаѓањето на Прашката пролет (прегазена од руските окупаторски тенкови) и прашање е дали воопшто да се пристапува кон мерењето на тогашните аргументи со денешни аршини. Не се рекло џабе: сè во свое време. Макар што и виното кога ќе одлежи станува попитко. 
Чекорите кон нормалноста, всушност, се и чекори кон граѓанските слободи, кои некогаш (времето лета!) биле потиснати. Одејќи поназад во времето, пак ќе се судриме со потиснување на слободите - та, што правеле инквизициските орди? Фрлале миризливо цвеќе на плоштадите? Нормализацијата, создавајќи ја светската историја, пренела којзнае колку илузии од едно во друго време? И сега: оние што ја теглеле нормализацијата низ времето - илузионисти ли биле? Не ќе да е. Можеби не сфаќале до крај дека слободата и демократијата трајно ќе се градат, дека не доаѓаат преку ноќ, со првиот "јуриш!". Го знаеле најважното: големите идеи не умираат, а и не остануваат во вреќите крај патот. И кога ќе бидат згмечени на едно место, ќе никнат на друго - така е тоа со големите идеи, откога постојат. Реките течат со векови, а судбините се одигруваат на бреговите. За утре од нив да бидат заборавени. Како велеше Маркес: животот е само она што ќе остане во сеќавањето. 
Ако пропаднала една пролет, ќе дојде друга, ќе си се воспостави нормалноста (хармонијата) и така со ред: не постои несреќа што пролетта не може да ја исправи. Пролетните ветрови ја разнесуваат, витосуваат, потребата од одвишна верба: политичките фрази не се ломотат за да се верува во нив.
Нормализацијата некаде се крсти како победа. Зависи од затекнатото. Но, сака вардење од пијанството на победата. Опасен е мамурлукот по таквите пијансва. Оти, сегашната победа не гарантира и утрешна победа. И така со ред. Победата сака да е мислечка, сака катадневно обмислување. Пу-пу, скраја да е немислечката победа! Тогаш може да се зацапа во туѓа (но и сопствена) клопка, а истопорениот победник, херој, отпосле да види дека бил во служба на ништо, дека, всушност, бил идеалист без идеали. Или со некакви такви, од вреќите крај патот.

(Преземањето и преобјавувањето на текстот не е дозволен, освен со дозвола на авторот)

See Older Posts...