Био-библиографија

РИСТО ЛАЗАРОВ

(био-библиографска белешка)

 

 

Роден на 3 октомври 1949 година во Штип. Поет, преведувач, критичар, есеист. Завршил југословенска книжевност со македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Работи како новинар. Бил генерален директор на Новинската агенција Танјуг. Бил и главен уредник на меѓународното списание Балкан форум во кое свои прилози објавуваа Гинтер Грас, Чеслав Милош, Јосиф Бродски, Ханс Магнус Енцесбергер, Лешек Колаковски, Адам Михник и други врвни интелектуалци од целиот свет. Од 1997 година е директор и главен уредник на националната телевизија Телма.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1972 година. Претседател е на Македонскиот ПЕН центар. Член е на Чешкиот ПЕН центар.

 

Поезија:

Ноќна птица во паркот (1972)

Јана (1980)

Грозен кикот (1983)

Капки кисела вистина (1985)

Лет(о) преку океанот (1988)

Горјан во Дорјан (1988)

Одрони, избор (1988)

Точка на вриење (1990)

Од Битола појдов (1993)

Одвајнадежна (1993)

Силјан штркот уште еднаш ја облетува Македонија (1995)

Јаве, избор (1998)

Херакле (1998)

Колумбо (2000)

Тројца за преферанс (2001)

Одмолчена (2003)

Ненадејна (2005)

Чехопек (2006,2007)

Среде (2008)

Жива рана, избор (2008)

Сонот на коалата (2009)

Избрани дела во четири тома (2009)

Поезија, избор (2010)

Кревалка (2011)

Ситночекорка (2012)

Јана/Јана (2013)

Светилничар (2013)

Препки (2014)

Вампирското (2015)

 

На странски јазици:

 

Siljan the Stork Flies Over Macedonia Once Again (1996)

История болезни (Москва, 1996)

Јавне песме (Просвета, Београд,2003)

Силян  Щьрка още ведньж лети над Македония (Софија, 2006)

Е Beftë  (на албански,2006)

Herakleј (Љубљана, 2006)

Cechovabeni (Брно, 2007)

Shoes for My Father, Перт, Австралија (2010);

Отплесана историја (Архипелаг, Београд, 2012)

A Seashell Anchored In The Centuries (2014, Poetry Pacific, Vancuver, Canada)

 

 

Циклуси од поезијата на Ристо Лазаров се објавени на германски, француски, шведски, турски, романски, унгарски и други јазици. Застапуван е во сите релевантни антологии на современата македонска поезија.

 

Огледи и публицистика:

 

Прво лице еднина (Скопје, 1982);

Лист по лист (Скопје, 2000)

Книга за животните и други огледи (Скопје, 2012)

Врежанки (2014)

Врежанки, белградски (2015)

 

Преводи и препеви:

 

Горан Бабиќ: Столб во реката (Скопје, 1982)

Дејан Новачиќ: СФРЈ за повторувачи (Скопје, 2003)

Георги Константинов: Човекот е прашање (Скопје, 2006)

Александар Новачиќ: Досието Чехов (2006)

Абдулах Сидран: Партизански гробишта (Скопје, 2012)

Чарлс Симиќ: Несоница (Скопје, 2012)

Александар Новачиќ: Венедикт Ерофеев и хорот на пијаните ангели (Скoпје, 2012)

Душко Новаковиќ: Капитулација (Скопје, 2013)

Миљенко Јерговиќ: Промена на времето (Скопје, 2013)

Оскар Давичо: Покрив на луњата (Скопје, 2014)

Милица Николиќ: Руска археолошка приказна (Скопје, 2014)

 

Автор е и на повеќе новински и телевизиски патописи.

 

Добитник е на повеќе книжевни награди и признанија: “Млад борец” (1972), “13 ноември” на градот Скопје (1980), наградата на МРТВ за најдобра книга за деца меѓу две Струшки вечери на поезијата (1987), наградата “Ацо Шопов” на ДПМ за најдобра поетска книга (2006) наградата “Браќа Миладиновци” на СВП (2008). Во 2000-та година беше лауреат на Празникот на липите во Скопје, а во 2010 година е награден со Книжевното жезло и со наградата Велја кутија на Македонските духовни конаци.

Вo 2012 година ја доби наградата Дијалог за најдобра книга поезија (Ситночекорка).