Поетски Книги
-
"СРЕДЕ"
"СРЕДЕ" (2008)
Објавена во 2008 година во издание на “Блесок” од Скопје. Истата година СРЕДЕ ја доби наградата ,,Браќа Миладиновци” за најдобра поетска книга меѓу две Струшки вечери на поезијата. -
"ЧЕХОПЕК"
"ЧЕХОПЕК" (2006, 2007)
Поетска книга инспирирана и создадена во Прага. ЧЕХОПЕК ја доби наградата ,,Ацо Шопов” на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра поетска книга во 2007 година. Книгата ја објави ,,Дијалог” од Скопје во 2006. а во 2007 доживеа второ издание. Беше објавена и во Чешка во препев на Иван Доровски. -
"НЕНАДЕЈНА"
"НЕНАДЕЈНА" (2005)
Прва книга од поетската трилогија пишувана во терцини и објавена во 2005 година во издание на скопска ,,Култура”. НЕНАДЕЈНА е објавена и на албански јазик, во препев на Ресул Шабани. -
"ОДМОЛЧЕНА"
"ОДМОЛЧЕНА" (2003)
2001-та во Македонија беше драматична година, со меѓуетнички вооружен конфликт. Од тие судбоносни настани се создаде и ОДМОЛЧЕНА како своевидно поетско сведоштво на актуелните македонски премрежја. Книгата во 2003. година ја објави издавачот ,,Селектор” од Скопје. -
"ТРОЈЦА ЗА ПРЕФЕРАНС"
"ТРОЈЦА ЗА ПРЕФЕРАНС" е објавена во 2001. година во едицијата Современа македонска поезија во издание на "Култура".
-
"КОЛУМБО"
"Колумбо го открива новиот светски поредок" е објавена во 2000. година.
-
"ХЕРАКЛЕ"
"ХЕРАКЛЕ" е објавена во 1999. година. Преведена е на словенечки во 2006.година.
-
"СИЛЈАН ШТРКОТ..."
"СИЛЈАН ШТРКОТ УШТЕ ЕДНАШ ЈА ОБЛЕТУВА МАКЕДОНИЈА" е објавена во 1995. година. Преведена е на англиски јазик во 1996. година.