Archives


Search

Добредојдовте на интернет страницата на Ристо Лазаров
Скопје, 15 март 2012 (МИА) - „Ситночекорка” е насловот на новата стихозбирка на македонскиот поет Ристо Лазаров. 

Книгата ја објави „Дијалог” од Скопје, одбележувајќи 40 години од појавата на првата стихозбирка на овој автор „Ноќна птица во паркот” (1972).

„Ситночекорка” е дваесетта поетска книга на Лазаров. Во 2009 година „Дијалог” ги објави неговите „Избрани дела” во четири тома.

Ристо Лазаров е добитник на највисоките книжевни признанија кај нас, меѓу кои и наградите „Ацо Шопов” на Друштвото на писателите на Македонија и „Браќа Миладиновци” на Струшките вечери на поезијата. Негови песни се застапени во сите антологии на новата македонска поезија презентирани во светот, а посебни книги од неговото творештво се објавени во Русија, Австралија, Албанија, Србија, Англија, Словенија и Чешка.

„Ситночекорка” се појави во рамките на новата поетска едиција на „Дијалог“ со наслов „Синтези”. Во првото коло на „Синтези” покрај “Ситночекорка” од Ристо Лазаров, наскоро ќе бидат објавени и стихозбирките „Грабнувањето на Европа” од Иван Џепароски, „Будност” од Весна Ацевска, „Подарен сон” од Ресул Шабани (двојазично, на албански и македонски) и „Моите веди” од Вера Чејковска.




See Older Posts...